Monday, April 29, 2013

Компјутерски вируси

Компјутерски вирус е програм кој е дизајниран со некаква намера и самиот може да се атачира (закачи) до boot (стартувачки) секторите или пак било која друга програма. Вирусот е сместен во програмите кои се најраширени и најчесто употребувани со цел да бидат раширени што е можно побрзо. Кога и да ја стартувате таа одредена програма, вирусот исто така се стартува, но и самиот тој има можност да стартува друга програма. Вирусите заменуваат размножуваат објекти и не можат да станат опасни за вашиот компјутер се додека се кодирани на правилен начин. Вашиот систем станува ранлив при размножување на вирусот поради грешки во кодот кои прават конфликт со системската конфигурација. Вирусот не може да влијае на вашиот компјутер додека инфицираниот програм не е егзекутиран или не користите диск кој содржи инфицирани фајлови (податоци). Кога вирусот ќе стане активен, навлегува во меморијата на компјутерот или во системските фајлови или апликации.

Постојат повеќе типови на вируси:

МАКРО ВИРУС
Макро е код кој може да остане во податочните фајлови, а макро вирус е вирус кој останува во податочните фајлови (на пример документ) како и неговиот макро attachment. Макро вирусите може да се прикачат само на податочните фајлови а не на егзекутивните програми. Овие вируси беа многу чести кон крајот на 20-от век.

 STEALTH (Лукав) ВИРУС
Кога овој е активен прави некои промени во фајловите и ги крие тие примени. Па програмите кои ги читаат фајловите само ја гледаат оригиналната форма а не инфицираната форма. Поради тоа антивирусот не може да го детектира едноставно. Вирусот мора да виде присутен во меморијата за да биде лоциран од антивирусот.
                                                                                                                                  
                                                                                                                                  
POLYMORPHIC ВИРУС                                                                                           
Овој вирус може да креира различни операциони копии од самиот себе. Едноставните скенери (антивируси) не се способни да ги пронајдат сите операциони копии од тој вирус.                                                                          


Преземено од:http://www.dalisteznaele.com.mk/index.php/internet/347-2009-07-02-07-59-03.html